Рецепт за сочен колач со јаболка: Десерт број 1 во поранешна Југославија

Добивај вести на Viber

Фото: Printscreen/youtube/kuhinjasunčanestaze

Стар рецепт за колач кој никогаш не излегува од мода - ваков колач со јаболка се правеше во Југославија, а со задоволство се подготвува и денес

Како да подготвите сочен колач со јаболка:

Состојки:

За кората:

4 јајца

100 гр шеќер

200 гр брашно

100 мл масло

100 ml вода

1 кесичка прашок за пециво


За филот:

1 кг јаболка

80 гр пудинг од ванила

100 гр шеќер

За декорација:

500 мл слатка павлака 

Подготовка: Одделете ги жолчките и белките, а потоа измешајте ги белките со шеќер и изматете ги во тврда смеса. Во жолчките додадете масло, вода и просеано брашно со прашок за пециво. Добро измешајте, па додајте во белките и нежно измешајте. Добиената смеса истурете ја во тавче кое сте го намачкале со путер (или со масло) и сте го посипале со брашно.

Се пече во загреана рерна на 180°C околу 20 минути. Во тенџерето истурете вода (900 мл) и додадете шеќер, а кога ќе зоврие додадете ситно сечкани јаболка. Остатокот од водата (100 мл) измешајте го со пудингот и додадете го во јаболката. Кога јаболката се готови, со врелиот фил прелијте ја кората. Оставете да се излади на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер. Изматете ја слатката павлака и декорирајте.


*ПР објава

Извор: stil.kurir.rs