(Рецепт) Замрзнат јогурт на стапче - вистинско освежување!
Направете одмор од најпопуларното летно освежување - сладолед - и направете подеднакво вкусен и освежувачки десерт - замрзнат јогурт - и уживајте во добрите вкусови!
Еве еден предлог за подготовка на брз десерт со многу малку труд, а со одлични резултати:
Овошен јогурт
Состојки
300 г замзнено овошје
2 големи лажици сок од лимон
600 г јогурт
4 големи лажици мед
Подготовка
Замрзнатото овошје го ставете го во блендер, додадете малку топла вода и измешајте. Претходно одвојте неколку најубави бобинки за декорација.
Јогуртот измешајте го со сок од лимон и мед и ставете го во калапите (може да послужат и пластични чаши), но не до врвот.
На оваа смеса налијт го овошјето од блендерот и украсете со бобици. Ставете ги во замрзнувач најмалку пет часа и извадете ги 15 минути пред сервирање и оставете ги да отстои на собна температура.
Уживајте!