РЕЦЕПТИ: Три крем супи кои може да се подготват за 20 минути

Добивај вести на Viber

Ако сте уморни од традиционалните супи, тогаш ви донесуваме три рецепти за различни, но многу вкусни крем супи. За подготовка ви требаат само 20 минути. 

Крем од супа од печурки
Состојки: 400 грама шампињони 200 грама овесна каша, 1 кромид, 3 парчиња компири, еден голем морков, сончогледово масло, сол, бибер и други зачини.     

Печурките и кромидот насецкајте ги и испржете на сончогледово масло. Во меѓувреме , нарендајте го морковот и компирот. Во 2 литри вода ставете ја овесната каша, додајте морков и компир. После 5-10 минути додајте кромид и печурки. Потоа гответе се' на ниска температура 10 минути додека супата не добие густина. 

Крем супа од тиква 
Состојки: 400 грама тиква, 100 милилитри млеко, еден кромид, 30 грама павлака, путер, зачини според вкус. 

Испржете го кромидот на путер додека не добие златна боја. Потоа додајте нарендана тиква и зачини. Во литар вода ставете ги кромидот и тиквата и гответе околу 20 минути. Потоа се испасирајте користејќи блендер. Додајте топло млеко и повторно промешајте. Кога сервирате, додајте кисела павлака во супата. 

Крем супа од ѓумбир и морков
Состојки: 250 грама моркови, 1 лажица ѓумбир, половина чаша крем, путер, пилешка супа, лук маслиново масло по вкус. 

Стопете го путерот во сад, потоа додајте маслиново масло. Додајте кромид и пржете на тивок оган, па додајте исецкан морков и продолжете да пржите на тивок оган. Кога морковот и кромидот ги променат боите, додајте нарендан ѓумбир и зачини по вкус. Потоа додајте пилешка супа, а кога морковот омекне, супата процедете ја и измиксирајте со блендер. После тоа ставете ја супата на врела рингла и со постојано мешање додавајте ја павлаката. 

Пријатен апетит!