Рецептите за убавина на Клеопатра и Нефертити

Добивај вести на Viber

Секој може да биде како Клеопатра.

Повеќето луѓе веруваат дека стотици литри млеко биле истурани во кадите на Клеопатра, но не е така. Во водена бања, Клеопатра ставала само еден литар топло, неварено млеко во кое се растворало чаша мед. И таа седела во овој раскош за телото 10-15 минути. Тогаш нејзината кожа станувала мека како кадифе, и таа мирисала како бебе. Денес секој може да ги направи своите бањи млечни, а процедурата не е многу скапа. Ако немате време да седите во када, натопете го бањскиот сунѓер во чинија со свежо млеко и истријте го телото. Запомнете, млекото содржи алфа-хидронска киселина, која е природен ексфолиант. Уште еден познат факт е дека Египќаните мирисале прекрасно и без денешните парфеми, бидејќи ја парфимирале кожата со лимон, смола и кедрово масло.

Русокоса еднаш, русокоса засекогаш

Ако мислите дека русокоси имало помалку пред постоењето на бои за коса - фарби, вие се лажете. Жените од античките времиња правеле смеса од мед, маслиново масло и банана и добивале впечатлива боја по неколку постапки. Бананите го одржуваат скалпот здрав и го отстрануваат првутот, па денес можеме да ги користиме и ние на тој начин.

Лимон за депилација

И античките убавици имале влакна на нозе,и тие како нас редовно се бореле со нив. Тие правеле маска за отстранување што е направена со малку шеќер или мед стопен во тенџере, сок од лимон и малку вода. Смесата се меша додека течноста испари и се формира леплива паста. Потоа се зема памучна крпа и почнува борбата со влакната.