РЕЦЕПТОТ НА МЕГАН ФОКС: Палачинки на француски начин

Добивај вести на Viber

Меган Фокс откри десерт на кој нема да може да му одолеете.

Се работи за палачинки на француски начин. Можете да ги подготвите со било кое овошје, бобинки или крем. Запишете си го рецептот.

Тесто

 500 грама брашно 
 1 шолја млеко
 3 јајца
 2 лажички путер
 2 лажички шеќер
 малку сол

Фил

100 грама крем сир

1 јајце

1 лажичка шеќер

ванила по вкус

малку сол

Прелив

1,5 мала шолја боровинки

2 лажички шеќер

1/8 лажичка цимет

1/8 лажичка ѓумбир

Подгответе тесто. Измешајте ги сите состојки и мешајте додека не добиете хомогена смеса без грутки. Оставете да стои најмалку 30 минути. Пржете ги палачинките во билно масло во добро загреана тава со дебело дно, така што ќе го ставите тестото во тенок слој. Готовите палачинки намачкајте ги со путер за да не се лепат една за друга.

Послужете ги палачинките со сецкано овошје, слаток сируп или прелив од крем сир и боровинки, или пак други бобинки и овошје. Палачинките можете да ги преклопите во облик на марамица или да ги направите како ролна, ставајќи во нив од вкусниот фил.

Омилените палачинки на Меган Фокс се готови.

Bon appetit!