Рецептот за највкусниот шведски десерт- „Kladkakka“

Добивај вести на Viber

Од многуте нации коишто сум ги сретнала Швеѓаните се ултра одговорна кога станува збор за исхрана. Секогаш внимаваат оброците да им бидат максимално избалансирани и здрави дури и децата за ручек имаат менза со разновидно јадење па дури и лосос. Но кога станува збор за десерт знаат да отскокнат од принципите затоа што шведската „kladkakka“ е еден од најтрадиционалните рецепти и секој гостин мора да ја проба. Максимално чоколадно „sticky“ уживање.

Потребни состојки:

100гр. Путер

2 јајца (М)

50гр. Какао

100гр. Брашно

250 гр кокосов шеќер

1 Ванилин шеќер

Пола лажиче сол

Најпрво како и секогаш вклучете ја рерната на 170 степени и решетката поставете ја на долната шина. Со хартија за печење обложете тавче (26цм) а страните измачкајте ги со маслиново и ставете какао за да не се залепи колачот.

На пареа растопете го путерот а потоа додадете го какаото,шеќерот и на крај јајцата.

Промешајте убаво со рачна маталка и на крај додадете ги ванилата, солта и брашното (просеано). Мешајте да добиете густа хомогена смеса. Истурете ја смесата во тавата и печете 25мин.

Откако ќе се испече и излади обидете се да не ја изедете веднаш.

Овој колач може да се послужи со шлаг, сладолед или овошје. Изборот е ваш.


За Женски Магазин, готви Маја Зивковиќ