Редовна употреба на пробиотици за здрав метаболизам и јак имунитет

Добивај вести на Viber

Веројатно сте свесни за тоа што се пробиотиците и каде може да се најдат. Дали знаевте колку се критични за вашето целокупно здравје и благосостојба? Пробиотиците се повеќе од само последниот здравствен тренд, тие се добри бактерии кои му се потребни на вашиот организам. Погледнете го зборот пробиотик: „про“ означува „за“ и „биотички“ значи „живот“. Пробиотиците се дефинирани како „живи микроорганизми кои кога се администрираат во соодветни количини даваат здравствена корист на домаќинот. Пробиотиците се користат за лекување на широк спектар на болести, заболувања и состојби кои влијаат врз луѓето и животните. Иако најчесто се смета дека помагаат само на дигестивниот тракт каде и живеат, пробиотиците всушност имаат многу поширок ефект. Редовната долгорочна администрација на пробиотиците позитивно влијае врз целиот организам. Се знае дека диетата, стресот и антибиотиците ја уништуваат цревната микрофлора, па затоа се препорачуваат пробиотиците. 80% од вашиот имунолошкиот систем потекнува од цревната микрофлора. Пробиотиците го појачуваат нашиот имунолошки систем и можат да ги стимулираат одбранбените одговори што ни се потребни за борба против патогени во цревата. Дополнително, тие се борат и против инфекции на  уринарниот систем. Многу видови на бактерии се класифицирани како пробиотици. Сите имаат различен бенефит, но повеќето доаѓаат од три групи. Лактобацилус, Срептококус и Бифидобактериум. Може да се каже дека Лактобацилус е најчест пробиотик. Тоа е оној што ќе го најдете во јогуртот и друга ферментирана храна.

Различни видови можат да помогнат при дијареја и може да им помогнат на луѓето кои се интолерантни на лактоза. Бифидобактериум може да се најде во некои млечни производи. Тој помага да се олеснат симптомите на синдром на иритабилно црево (IBS) и некои други состојби. Saccharomyces boulardii е квасна габа што се наоѓа во пробиотиците. Помага во борбата против дијареа и други дигестивни проблеми. Сеуште се истражува за тоа кои пробиотици се најдобри за одредени здравствени проблеми. Некои од здравствените сосстојби за кои се користат се: Синдром на иритабилни црева, Воспалителна болест на цревата (IBD), инфективна дијареа (предизвикана од вируси, бактерии или паразити), дијареа предизвикана од антибиотици, егзема, уринарни и вагинални инфекции, алергии. Пробиотиците можат да помогнат да го зголемат имунолошкиот систем и да го инхибираат растот на штетните цревни бактерии. Исто така, покажано е дека некои пробиотици го стимулираат производството на природни антитела во телото. Тие исто така можат да ги засилат имуните клетки како клетките кои произведуваат IgA и Т лимфоцитите.

Подолгото администрирање на пробиотици се поврзува со намалување на траењето на респираторните инфекции. Друга студија, вклучувајќи над 570 деца, покажа дека земањето на Lactobacillus GG ја намалува фреквенцијата на респираторните инфекции за 17%.

Д-р Азиз Бајрами – спец.инфектолог