РЕШЕНИЕ СЕ ВАКЦИНИ СО ДОЛГОТРАЈНО ДЕЈСТВО ЗА ДА НЕМА ПОТРЕБА ОД БУСТЕР: СЗО повика на создавање нови вакцини кои ќе штитат и од пренос на заразата

Добивај вести на Viber

Експертите на Светската здравствена организација предупредија дека повторувањето на дополнителните дози на оригиналните вакцини против Ковид не е добра стратегија против новите варијанти и повикаа на создавање нови кои подобро штитат од трансмисија.

„Стратегијата за вакцинација заснована на повторени засилувачки дози на оригиналниот состав на вакцината веројатно нема да биде соодветна или одржлива“, се вели во соопштението на Техничката советодавна група на СЗО, пренесува британски The Guardian.

Групата експерти, која работи на проценка на перформансите на вакцините за Ковид-19, повика на развој на нови вакцини кои не само што ги штитат луѓето кои се заразуваат со Ковид од сериозно заболување, туку и подобро спречуваат луѓето да го заразат вирусот, и секако пред се со цел справување со новите варијанти на Ковид, како што е Омикрон.

Детали читајте на Фактор овде.