Ретрогениот Меркур пристигнува во ноември и ќе удри силно: Еве кога почнува трубулентниот период и на што треба да внимавате

Добивај вести на Viber

Секој ретрограден Меркур во астрологијата се очекува со благ немир, бидејќи го „бие лош глас“ што носи бројни непријатности и проблеми.

Последниот ретрограден Меркур во годината повторно ќе биде во Стрелец и ќе трае од 25 ноември до 15 декември 2024 година. Сезоната на празници во 2024 година ќе падне среде ретроградниот Меркур, што може да предизвика проблеми во планирањето на одморите или семејните вечери.

На сите знаци им се препорачува тројно да ги проверат своите резервации и планови со пријателите и семејството пред да тргнат на патување. Исто така, би било корисно да не се впуштате во непотребни расправии со саканите, бидејќи тоа може да остави горчлив вкус на жалење кај сите хороскопски знаци.

Предретроградниот „период во сенка“ започнува на 7-ми ноември, а Меркур ја напушта својата сенка до 2-ри јануари.

Како што споменавме погоре, ретроградниот Меркур може да донесе недоразбирања, затоа размислете за паузирање на сите поголеми разговори што ќе имаат долгорочно влијание врз вас. Секогаш кога е можно, најдобро е да го зачувате големиот говор за кога Меркур ќе се врати во нормала, бидејќи тоа најверојатно ќе ве спаси од неволја.

Иако ретроградниот Меркур е лесно жртвено јагне за општиот хаос во секојдневниот живот, тој исто така претставува погодно време да погледнете наназад и да размислите каде ги вложувате вашето време и енергија.

Фото:Freepik.com
Извор: Zena.blic.rs