Ревијална трка за почист воздух во интернационалната градинка Пиколини

Добивај вести на Viber

Со велосипеди и со тротинети, Меѓународниот ден без автомобили вчера беше одбележан и во интернационалната градинка Пиколини. Настанот се одржа под мотото „Да ја заштитиме природата, а таа нас ќе не чува“.  Додека траеше хепенингот, во знак на пријателство децата си ги разменија превозните средства. 

Организираните трки со велосипеди и тротинети не беа со натпреварувачки карактер. Забавата и едукацијата беа во преден план, а пораката за вредноста на другарството како и за важноста на чистиот воздух  ја пренесоа сите. 

- Победници во трката бевме сите - информираат од Пиколини.