Рибите од јавен настап, бикот од сиромаштија: Од што се плашат хороскопските знаци?

Добивај вести на Viber

Секој човек во текот на животот развива дури и до десет различни фобии.

Кој е најголемиот страв на секој хороскопски знак?

ОВЕН

Овните се сметаат за храбри и горди луѓе, кои не се плашат речиси од ништо. Лесно се носат со сите предизвици или тешки и напнати ситуации, но сепак не се имуни на стравот. Се плашат од болести и немоќ бидејќи не можат да замислат да зависат од некого.

БИК 

Биковите се луѓе кои ги ценат материјалните вредности, на кои го посветуваат целиот живот. Работат вредно и секогаш создаваат нешто бидејќи тоа им дава чувство на сигурност. Поради тоа, не е ни чудно што нивниот најголем страв е губење на имот или потенцијална сиромаштија.

БЛИЗНАЦИ 

Немирните и кокетни Близнаци се отворени и друштвени луѓе кои сакаат патување, движење и динамика. Можеби поради таа потреба од слобода често патат од клаустрофобија, односно страв од затворен простор.

РАК 

Емотивните Ракови честопати имаат повеќе од една фобија, поради изразената пречувствителност. Најсигурно се чувствуваат во домот и кога се опкружени со сакани личности. Агорафобија – страв од отворен простор со многу луѓе во нив буди несигурност, а кај некои може да предизвика и панични напади.

ЛАВ 

Гордите Лавови сакаат да бидат во центарот на вниманието и се многу амбициозни. Се трудат да успеат во животот и да дојдат до надредена положба. Поради тоа нвните фобии се често насочени кон неуспехот во кариерата – односно атицифобија. Стравот од губење на општествената или деловната положба е исто така нешто од што тешко се опоравуваат.

ДЕВИЦА 

Организираните Девици сакаат ред, работа и дисциплина. Толу се педантни што можат да развијат атаксофобија – ирационален страв поради неред и несовршенство. Од таа причина нивниот дом блеска од чистота бидејќи панично се плашат од нечистотија, прашина, вирус и бактерии.

ВАГА 

Друштвените Ваги обожаваат излегувања, забава и создавање нови пријателства. Силно се насочени кон љубовта и партнерот и се плашат староста да не ја дочекаат сами. Затоа често патат од изолофобија, односно страв од изолација и осаменост.

ШКОРПИЈА 

Чувствителните и емотивни Шкорпии сакаат да се шегуваат на своја сметка, но не поднесуваат друг да се шегува. Често патат од катагелофобија или страв дека ќе бидат исмеани. Затоа се и неповерливи, особено кон оние кои ги знаат краток период. Слично како овните, ретко што ги плаши, но како и тие се плашат од губење контрола над животните ситуации.

СТРЕЛЕЦ 

Динамичните и енергични Стрелци се луѓе кои сакаат движење и акција, а највеќе уживаат во патувања и природа. Најголем страв имаат од ограничување од било кој вид – од губење на слободата, премал простор или немоќ врз сопствениот живот поради финансиски неприлики.

ЈАРЕЦ 

Најдобро се чувствуваат додека можат да ги контролираат ситуациите во својот живот, па така и здрвствената состојба. Кај нив често се јавува хипохондрија – параноичен страв од развивање болести, а имаат и фобија од осаменост, но и од катастрофални непогоди како поплави и земјотреси.

ВОДОЛИЈА 

Водолиите не сакаат кога некој им наредува. Често имаат фобија од авторитет. Слободата им е важен фактор во животот и панично се плашат дека ќе ја изгубат со влегувањето во брак или доколку работата им прерасне рутина.

РИБИ

Затворените и чувствителни Риби се најосетливи во меѓучовечките односи. Се плашат од отфрлање и неприфаќање од страна на околината, а неретко патат и од силна трема во текот на јавните настапи.