Роденденски семеен портрет и супер забава: Ќерката на Тамара и Петар - актерите од „Тома“, наполни 5 години (ФОТО)
Ќерката на Петaр Бенчина и Тамара Драгичевиќ - актерите кои ги глумат Силвана Арменулиќ и докторот во филмот „Тома“, а кои во реалноста се брачен пар, го прослави својот петти роденден, а по тој повод беше организирана прослава за најмладите.
Ќерката на Петра и Тамара, Сташа наполни пет години, а прославата беше особено интересна за најмладите.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од атмосферата на нејзиниот роденден.
Актерот и актерката не се одвојуваа од децата, а малата Сташа за оваа пригода имаше посебен фустан украсен со извезени цветови. За нејзиниот стајлинг се погрижи нејзината мајка Тамара, која исто така блесна во колоритна креација.
Освен што внимателно го одбрале просторот за прославата, Тамара и Петар ангажирале тим за анимирање на децата, а Сташа и Лазар имале цртежи на лицата што особено ги израдувало.
Нашата царица денес полни 5 години - напиша Тамара на Инстаграм и сподели низа фотографии од Сташа:
Покрај Сташа, Тамара и Петар го имаат и двегодишниот син Лазар и сите заедно функционираат како избалансиран тим.
извор: story.rs
Стил на неделата: Тамара и Петар се совршено усогласен пар во секој поглед