РОДИ МЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИ МЕ ВО АЕК - три нови вработувања со плати од над 80 и 50 илјади денари, еве кој ќе ги добие местата

Не е тајна дека Агенцијата за електронски комуникации важи за еден од надобрите работодавачи во земјава, која дели највисоки плати на своите вработени.

Агенцијата распишала огласи за вработување за три работни места, од кои едната плата е над 80 илјади денари, а другитен две се над 50 илјади денари.

Едното работно место е за Советник на директорот за информатички технологии(, кој покрај општите услови, треба да исполнува и квалификации - ниво VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, и тоа Електротехника, компјутерска техника и информатика или информатика, потоа најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 10 (десет) години работно искуство во струката од кои најмалку 3 (три) години на раководно работно место во приватен сектор. Повеќе на Фактор.мк


Фото: Фактор