Родителите ја оставиле во шума, мајка ѝ умрела, синот на маќеата ја тепал секој ден: Гоца Лазаревиќ ја раскажа страшната животна приказна

Пејачката си ја отвори душата и раскажа болни детали од минатото...

Нејзиното детство не било воопшто лесно, а еден од најтешките моменти во животот бил оној кога нејзината мајка починала, како и кога со татко ѝ и маќеата заминала да живее во Белград каде секојдневно добивала ќотек.

Гоца Лазаревиќ во една прилика се присети како дошло до стравичната несреќа и објасни дека мајка ѝ заминала за да не ја изгуби својата љубов и дека пејачката и нејзиниот брат не ги видела две година, а за тоа време ги оставила кај еден човек во шума, кој се грижел за нив.

„Додека не почнав да живеам сама, многу се намачив. Сѐ беше сурово. Мајка ми и татко ми за корка леб заминаа во странство. Мене и брат ми не оставија кај чичко ми и стрина ми. Потоа и стрина ми мораше да оди да работи, па мене и брат ми не оставаше во шумата со еден неугледен човек, кој се грижеше за нас. Не се пресоблекуваше по десет дена. Ние преку неделата мачкавме паштета и маргарин на леб. Не знаевме ништо друго. Оттука е и мојот гастритис, кој го влечам од раното детство. Морам да кажам дека никогаш не бевме гладни. Чоколадо купувавме еднаш месечно, она малото“ - кажа таа.

Кога нејзините родители решиле да се вратат, среќата се претворила во најголема болка.

„Мајка ми не можеше да издржи без нас, беше многу тажна. Едвај го имаше намолено тато да се вратат. Почина во сообраќајната несреќа која ја имаа на враќање. Никогаш повеќе не ја видов. Секогаш после тоа имав соништа дека мама се враќа. Со децении ја повикував. Тоа беше производ на мојата мечта. Некогаш ја препознавав, некогаш не. Татко ми тогаш неофицијално се женеше неколку пати. Тоа беа некои жени кои беа груби кон нас. Кога една од нив дојде, смислев средно училиште кое не постои никаде во близина, за да избегам и да не ги гледам. Заминав во Белград“ - раскажа Гоца во емисијата „Гламур“.

Во Белград живеев со маќеата и нејзиниот син единец, и призна дека тој ја малтретирал и тепал.

„Тој беше разгален и секој ден ме тепаше Не сакаше што сум таму. Во една прилика кога сериозно ме удри, му врати. Тогаш неговата мајка ми кажа да барам друга куќа. Си ги спакував работите во картонска кутија и тргнав да ја барам тетка ми. Знаев само дека работи во некое бифе и едвај ја најдов. Од тој момент живеев кај тетка Рада“ - беше искрена пејачката.

фото: Принтскрин / Инстаграм