Роналдо и Џорџина танцуваат и разменуваат нежности на Ибица: Не кријат дека сè уште се лудо вљубени (ФОТО)

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се снимени како излегуваат во ноќен клуб на Ибица, каде танцуваат и разменуваат нежности.

Фудбалерот Кристијано Роналдо со својата свршеница Џорџина Родригез и неговите деца моментално плови по Медитеранот, а нивната јахта за викендот решиле да ја закотват на Ибица.

Таму родителите на пет деца решиле сами да се забавуваат, а папараците ги снимиле додека уживале во ноќен клуб.

Добро расположени и очигледно сè уште заљубени преку уши, Роналдо и Џорџина се опуштија и танцуваа, и постојано разменуваа нежности.

Џорџина и во оваа прилика изгледаше беспрекорно во зелен фустан без прерамки, и ја истакна неверојатно витката линија само два месеци по породувањето.

Да потсетиме, парот во април оваа година доби девојче по име Бела Есмералда, а го загубија синот близнак при породувањето. 

Бела Есмералда е второто дете кое Џорџина го има со Роналдо, првото нивно заедничко дете се вика Алана Мартин. Додека сурогат мајка му го роди синот Кристијано Јуниор и близнаците Ева и Матео, кои неговата Џорџина ги прифати како свои.

извор:denvnik.hr

фото:PROFIMEDIA