Прослава во домот на Кристијано Роналдо: Георгина сподели досега необјавени фотки од децата, а причината е оваа

Португалската фудбалска ѕвезда и неговата партнерка Георгина споделија посебни фотографии од 12-тиот роденден на Кристијан Џуниор.

Синот на славниот фудбалер го прослави својот 12-ти роденден со семејството и пријателите на луксузен имот кој се наоѓа во градот Мајорка.

Кристијан Џуниор е наголемото од петте деца кои играчот ги одгледува со Аргентинката Георгина Родригез.

„Магичен и посебен ден“, вака таа ја опиша прославата што му ја приредија на синот на фудбалерот.

View this post on Instagram

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)


Со торта на два ката, украсена со фигури кои алудираат на фудбалот и со дрес што го носел неговиот татко на теренот, Кристијано Јуниор е виден како дува дванаесет свеќи, а според неговиот татко тој ќе биде одличен фудбалер поради неговиот талент на толку млада возраст..

View this post on Instagram

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)


Иако беше ден на Кристијан, сепак малата Есмералда беше во центарот на вниманието, бебето на фудбалерот, кое се роди на 18 април во тешко породување кога нејзиното братче близначе не преживеа.


Георгина Родригез за прв пат после смртта на синот: Емотивна фотографија

Малата Есмералда уживаше во првиот семеен одмор и веќе на рана возраст го запозна новиот имот, каде што сигурно редовно ќе летува.
View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)


На забавата присуствуваа фудбалски пријатели како Еду Агире, водител на El Chiringuito de Espana, кој е близок со играчот уште од времето кога тој беше член на Реал Мадрид.„Среќен роденден, синко! Колку лета времето! огромно срце имаш! Тато многу те сака“, се изјасни фудбалерот на социјалните мрежи.

извор:najzena