Најголемата болка која може да ја почувствува еден родител: Кристијано Роналдо и Георгина потполно скршени

Добивај вести на Viber

Кристијано Роналдо и вереницата Герогина целосно скршени: Синот им почина при породување!

Со милиони свои фанови, Кристијано Роналдо ја откри тажната вест. Како што напиша и самиот на Инстаграм, „најголемата болка што секој родител може да ја почувствува“.

Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез очекуваа близнаци, син и ќерка, но при породувањето дошло до компликации и момчето не преживеало.

"Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашето бебе. Тоа е најголемата болка што секој родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го живееме овој момент со малку надеж и среќа. Им благодариме на докторите и медицинските сестри за сета грижа и поддршка. Бараме приватност во ова многу тешко време. Наше момче, ти си нашиот ангел. Ќе те сакаме засекогаш“, напишаа Кристијано и Георгина на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)