Русите со серизоно предупредување: Кога да започнете со тестирање на вакцината против ковид-19 врз деца

Русите со серизоно предупредување: Кога да започнете со тестирање на вакцината против ковид-19 врз деца

Пред да се тестира вакцината кај најмладите, постои законски редослед на истражување

Рускиот правобранител за детски права Ана Кузнецова истакна дека нема потреба да се брза со тестирање на вакцината против ковид-19 врз деца и дека сè треба да се спроведе во согласност со законски утврдената постапка, дури и ако има потреба од забрзување на процедурите.

- Пред да се тестира вакцината врз деца, постои правен поредок на истражување на кој претходи тестирање на возрасни. Во случај сè да биде во ред, започнува втората фаза и само тогаш вакцината се тестира на деца. Тука, се разбира, последната ќе биде одлуката на родителите и правните застапници на детето. Мора да се следат сите пристапи кон одобрување на вакцините, нејзиниот правен статус и законските стандарди врз кои се спроведуваат испитувањата. Во случај да не заврши една фаза, тестирањето нема да се помине во следната фаза - рече Кузнецова.

Инаку, Векторскиот центар објави дека планира да започне со тестирање на вакцината „ EpiVakKorona “ на деца на возраст од 14 до 17 години, во декември.

Центарот Гамалеј, кој ја произведе првата регистрирана вакцина во светот против коронавирусот, сè уште нема добиено дозвола за тестирање на вакцината „Спутник V“ на деца и бремени жени.