Сè се мати за 5 минути, а вкусот е величествен: Супер брзи проја мафини со зеленчук кои ќе ве држат сити долго време

Добивај вести на Viber

Најдобрата идеја за брз домашен оброк - солени мафини кои се готови за еден час и се совршени со јогурт или кисело млеко

Проја е едно од омилените домашни пецива на нашите простори, а од неодамна се почесто се прави во вид на практични и сочни солени мафини.

Не знаете што да направите за појадок или вечера? Немате идеја со што да ги послужите неочекуваните гости? Овие вкусни проја-мафини се подготвуваат брзо и лесно, и се многу заситувачки.

Состојки:

4 јајца

1 чаша пченкарно брашно

1/2 чаша палента

1 чаша пченично брашно 

1 чаша млеко

1/2 чаша масло

1 лажичка прашок за пециво

300 гр ситно и солено сирење

5 кисели краставички

1 црвена пиперка

грст исчистен, излупен и ситно сечкан спанаќ

1 морков

1/2 мал праз

1 лажичка сол

бибер по вкус

Подготовка:

Во посебен сад изматете ги јајцата.

Измешајте ги сите суви состојки, па постепено додавајте масло, млеко и претходно изматените јајца додека мешате. Матете додека не добиете хомогена смеса, па на сè додајте ситно сечкани пиперки, спанаќ, праз, краставици и ситно изрендан морков.

Потоа измешајте го издробеното сирење. Посолете (додадете повеќе по вкус и во зависност од тоа колку е солено сирењето) и бибер, ако сакате.

Истурете во намрсен калап за мафини и печете околу половина час во рерна загреана на 200 степени.

Извор: glossy.espreso.co.rs

*пр објава