„Сакајте се повеќе, сè може да исчезне во една секунда“: Потресна порака на спасувач по враќањето од Турција треба да нè освести
Го видовме она што зборовите неможат и никогаш нема да го опишаат. Со себе носиме тешкиот товат на сеќавања од силата на природата, човечката издржливост, емоциите кои се необјасниви и засекогаш заробени, звуци на сирени, врисоци, громогласен плач на улиците.
Омер Шемиќ, спасувач на ГСС Нови Град, се врати во Сараево со своите колеги. Само неколку часа по враќањето од целосно уништените Антакија и Хатај, каде од 8 февруари спасија 10 животи, тој напиша:
„Мисијата е исполнета...Се вративме живи и здрави во своите семејства. Колку што можеме да бидеме здрави. Впечатоците се смируваат, неописливо е, апокалипса на денешницата! Тоа што го видовме е засекогаш врежано во нашите очи и умови. Никогаш, никому и никаде, да не се повтори вакво нешто. Затоа ве молам сите во оваа прилика, пријатели, познаници, следбеници и сите оние до кои допира оваа приказна... Сакајте се повеќе, разговарајте со луѓето, оставете го вашиот телефон на состаноците со саканите, простувајте повеќе, покажете љубов и разбирање еден кон друг, подадете рака на помош на секој на кој му е потребна, ценете ги напорите и работата на едни со други, сакајте и живејте го животот во потполност. Секунди менуваат сè и сè исчезнува.
Ви благодариме на сите што обезбедија поддршка, помош и испратија илјадници барања за нашиот тим. Спасивме 10 животи, 10 светови, 10 надежи за подобро утре, 10 луѓе добија шанса за нов почеток.
Видовме што зборовите не можат и никогаш нема да го опишат. Со себе го носиме тешкиот товар на сеќавања на силата на природата, човечката издржливост, емоциите кои се необјасниви и засекогаш заробени, звуците на сирените, врисоците, громогласните плачења по улиците и што ли уште не. Бидете здрави, грижете се и помагајте им на погодените подрачја на Турција и Сирија колку што можете“, напиша овој херој на својот ФБ профил.
ФОТО: Фејсбук