Сакате да изгледате помладо и свежо: Практикувајте ги овие неколку работи
Како да направите кожата да ви изгледа помлада е прашање кое го поставува секоја жена. Сите сакаме да го забавиме создавањето на брчки и стареењето на кожата. Постојат неколку работи што можете да ги испробате кога станува збор за подмладување на кожата, а резултатот е кожа која изгледа помлада и затегната.
Трик за свежа кожа
Хидратацијата преку ноќ е многу важна. Сувата кожа изгледа многу постара отколку што всушност е. Пред да заспиете, нанесете хидратантна крема на лицето. Или користете мицерална вода која дава влажност по нанесувањето.
Зголемете го внесот на витамин Ц
Еден од најдобрите начини да изгледате помладо е да го зголемите внесот на витамин Ц. Го стимулира растот на колагенот во кожата, правејќи ја вашата кожа да изгледа посвежо и помладо. Витаминот Ц, освен што го зголемува имунитетот, го забавува и процесот на стареење на кожата.
Сончајте се, но внимавајте
Бледата кожа често може да изгледа уморно Дерматолозите утврдиле дека сонцето може да биде пријател на кожата доколку е соодветно заштитено. Најдобро би било да користите креми со SPF фактор 30. Се препорачува употреба на креми за сончање во текот на целата година. Лесниот тен ги покрива и маскира повеќето несовршености на лицето.
Користете пилинг
Пилинг може да го ослободи лицето од мртвите клетки. Правете пилинг еднаш неделно и тоа ќе и овозможи на кожата да дише.
Трик за усни
Потемните бои на кармин визуелно ги намалуваат усните, и прават да изгледате постаро. Наместо тоа, користете сјај за усни во слична боја, заедно со користење на лагер за усни, што жените често го занемаруваат бидејќи мислат дека е непотребно. Ќе ја видите разликата, како да сте се подмладиле за неколку години.
Заматете ги очите
За овој трик потребна ви е маскара, светкава сенка за очи и молив за веѓи. Ова е најлесниот трик за да изгледате помлади и посвежи. Нагласете ги очите со најголеми можни трепки, треперлива сенка во беж нијанса и дефинирани веѓи.
Фото:freepik