Само 15 минути до здрав десерт: Рецепт за брза мрзлива (лења) пита која не се пече
Фото: Youtube/screenshoot IGY THE COOK
Оние кои се грижат за своето здравје со задоволство ќе се засладат со оваа сирова торта.
Потребни состојки:
1 чаша (250 ml) бадемово брашно
половина чаша протеин од кокос
3 лажици мед
1 лажица кокосово масло
10 урми
вода
150 гр јагоди/малини
сок од половина лимон
1/3 чаша ореви1 лажица кокосово масло
лажица сок од лимон
Начин на подготовка:
За долната кора: Ставете ги бадемовото брашно, протеинот од кокос, медот, кокосовото масло во блендер. Изблендирајте, добиената смеса ставете ја во плех за печење на кој има ставено хартија за печење. Ставете во фрижидер, да се стегне.
За филот:
Ставете јагоди (или малини) во блендер, урмите што претходно биле натопени во вода 10-15 минути, сок од половина лимон. Измешајте, и ставете ја добиената смеса над долната кора.
Ронливата смеса што ќе оди врз филот ќе ја добиете со мешање на протеин од кокос, ореви и лажица сок од лимон.
Посипете ја добената смеса врз филот, ставете го во замрзнувач два часа да се зацврсти.
Сервирајте по ваша желба и уживајте во совршениот летен вкус.
Наздравје!
*пр објава