Само седев и тивко плачев: Видела што напишал човекот кој седел до неа и го доживеала најголемото понижување, а потоа се случи нешто што ќе го памти заскогаш

Додека чекала авионот да полета за Чикаго, Савана Филипс доживеала огромно понижување, а потоа наеднаш најпријатното изненадување. Сето тоа придонесе добро да се сеќава на тој лет, а потоа да објави сторија за тоа на Фејсбук.

Летот за Чикаго тој ден беше одложен поради невремето.

„Се трудам секогаш да седам самa во редот за никој да не седи до мене. Не сум најкрупната личност во авионот, но не сум и најмалата. Мојот најлош кошмар е тоа што некој ќе се чувствува непријатно да мора да седне до мене“, напиша оваа мајка на две деца.

Таа желба не и се исполнила на пат кон Чикаго, па морала да седне покрај маж на околу шеесет години, кој носел жолти очила за сонце и испраќал пораки на мобилниот телефон. Љубезно станал за да седне Савана, а набргу потоа прочитала дека напишал некому оти седи до „една смрдлива дебела“.

Не знам ни што пишуваше подолу затоа што брзо се свртев. Бев шокирана и тоа беше само потврда за негативните работи кои секојдневно ги мислам на себе. Ми стана неподносливо топло и солзи само ми течеа по лицето. Седев и тивко плачев надевајќи се дека нема да сака да разговара со мене бидејќи не знам како ќе реагирам, а јас не сакав да ме исфрлат од авионот“, додаде таа.

Кога пилотот набрзо објавил дека ќе чека уште половина час за полетување, и станало уште понепријатно.

На нејзино големо изненадување, човекот што седел зад неа го потапкал непристојниот патник по рамо и му рекол да си ги заменат седиштата. „Пишуваш пораки за неа, а јас тоа нема да го толерирам“, му рекол.

„Седна крај мене и ме праша дали ја прочитав пораката. Климнав со главата. Ми рече дека видел што напишал човекот и тоа го налутил толку што мораше да направи нешто. Ја запре стјуардесата и рече што сака да направи, а таа му дозволи“, вели Савана, чија приказна веќе неколку години привлекува интерес на мрежите и порталите.



Фото: Фејсбук Screenshot