Сара едвај дочека посвената ќерка да ја однесе дома, а потоа следуваше шок

Сара Хауел беше пресреќна кога посвои новородено девојче, но сите нејзини надежи и соништа беа расипани во моментот кога и беше кажано дека нејзините биолошки родители се премислиле и дека мора да им го врати бебето.

Сара Хауел и нејзиниот сопруг беа воодушевени кога го видоа новороденчето. Набргу откако го донеле бебето дома, дознале дека Сара некако успеала да остане бремена, и покрај шансата од само 1 процент.

Токму поради таа причина, таа и нејзиниот сопруг Крис (32) одлучија дека посвојувањето е нивната најдобра шанса да бидат родители.

Меѓутоа, само пет дена откако девојчето било однесено кај нив дома, на Сара и Крис им било кажано дека биолошките родители се премислиле и дека ќе мора да ја вратат.

На 7 март 2018 година, кога првпат го видоа новороденчето, веднаш се заљубија.

- Кога влегов во болничката соба, нејзината биолошка мајка ја држеше. Таа со љубов ја стави во моите раце и рече „запознај ја мајка ти, девојче“ - раскажа Сара од Ричмонд, Вирџинија и додаде:

- Сепак, среќата не траеше. Биолошките родители на бебенцето се премислија и побараа да ја вратиме, што можат да го направат со закон и до десет дена по раѓањето.

Сара беше вознемирена и загрижена дека тагата што ја почувствува ќе предизвика спонтан абортус.

- Ја хранев кога заѕвони телефонот. Паднав на подот во очај. Постојано му велев на Крис „се шегуваш, ова е шега, нели“, рече скршената жена.

Сара ја спореди болката што ја почувствуваа тој ден, кога дознаа дека ќе го загубат своето мало девојче, со јазот што го почувствуваа по три години борба со неплодност.

Младиот пар се обидуваше да забремени три години, беа подложени на неколку операции и стотици инјекции, апчиња и негативни тестови за бременост.

- Таа не‘ направи родители. Таа ни помогна да го излечиме делот од нашите срца што беше уништен од сознанието дека нема да можеме да имаме нашите деца. Таа ме направи мајка, дури и ако тоа беше само за неколку дена - рече Сара.

Неколку месеци откако девојчето беше вратено кај биолошките родители, Сара роди момче кое го нарекоа Ноа. Кратко по породувањето, парот посвои уште едно момче, Леви.

Крис и Сара ги остваруваат сите соништа за семејството што отсекогаш сакале.


Фото: freepik

Сосетката ме замоли да ѝ го почувам детето и повеќе не се врати: Судбината на оваа баба ги разнежни и најтешките срца (ВИДЕО)