Сосетката ме замоли да ѝ го почувам детето и повеќе не се врати: Судбината на оваа баба ги разнежни и најтешките срца (ВИДЕО)

Фото и Видео: ТикТок

Судбините на одредени луѓе се навистина неверојатни, тешки, но тие исто така покажуваат кој е  и каков е ...

Понекогаш животот навистина може да биде непредвидлив, а, доказ за тоа е бабата Росалинда, која е веќе во седумдесеттите години и објавува детали од нејзиниот неверојатен живот на ТикТок.

Имено, во една прилика, сосетката го оставила детето кај неа да го почува, да оди до продавницата, но тааповеќе не се вратила. Според бабата Росалинда, момчето останало кај неа и го одгледала како нејзино дете, а кога наполнил 18 години, го пронашол својот биолошки татко и се преселил кај него.

После тоа, Росалинда пораснала многу деца, а подоцна посвоила ќерка.

Во времето кога го посвоила детето, имала дваесетина години и го фатила сопругот во прељуба со нејзината сестра.

 Лола, сега има 30 години.

Објаснувајќи како дошло до тоа таа да го воспитува синот на сосетката, таа рече: „Во раните дваесетти, по бројните тестови, ми рекоа дека никогаш нема да можам да имам свои деца. Кога една сосетка ме замоли да го чувам нејзиниот син додека таа отиде во продавницата, и реков „секако“, но таа никогаш не се врати. Момчето остана со мене додека не наполни 18 години, го пронајде својот татко и започна нов живот со него – можеби и со неговата мајка, не сум сигурна“, рече бабата во видеото.

@mamarosalinda

How I started #fostering and my #daughter’s #adoption #foryoupage #fyp #storytime #storyteller #story #family #viral #drama #baby #children #love

Surrender - Natalie Taylor

„И така, решив да станам згрижувачки родител. Моето прво згрижувачко дете беше момчето Адеола. Со текот на годините, воспитав уште многу деца и тоа ме натера да посвојам ќерка".

Откако ги фатила на дело нејзината сестра и сопругот, Росалинда повторно нашла љубов на 55-годишна возраст и иако проживеала сè, вели дека сега е задоволна и среќна.

Нејзиниот поранешен сопруг и нејзината сестра сега се во брак, иако упорно ја негираат аферата и никогаш не и се извиниле.


Можеби ќе ве интересира:

Не можам да се грижам за три мали деца: Дајте ги на посвојување и не барајте ме