Саша Поповиќ објави диета по која сите „лудуваат“: За 14 дена изгуби 5 килограми
Саша Поповиќ јавно проговори за проблемот кој го има. Кога ќе дојде зима, тој постојано ги накачува килограмите но сепак откри дека има тајна како брзо да ги изгуби истите.
- Секогаш се дебелеам во текот на зимата, па морам да ослабам на пролет! Во зима има многу прослави и празници, се јаде зачинета и тешка храна. Најчесто качувам од два до пет килограми. Но, кога ќе одлучам да ослабам, следам одредена диета, вели тој.
Поповиќ откри и што консумира за време на диетата.
- Секое утро пијам кафе, понекогаш со млеко. Тоа ми е појадок, а за ручек можам да бирам помеѓу стек, пилешко на скара или риба. Вечерата ми е обично комбинација од месо и салата, јајца, а понекогаш само овошје и јогурт. Сакам такви оброци, вели поранешниот директор на продукцијата „Гранд“.
Тој додаде дека обично има 73 килограми, но понекогаш има 78. Обично му се потребни 14 дена за да го отстрани вишокот на килограми, а истиот начин го користи и неговата сопруга Сузана.
- Во лето секогаш сум фит, со првото сонце сум веќе во Опатија. Секој ден пливам, играм тенис, пинг-понг, јадам многу овошје, салати зачинети со маслиново масло и риба. И тоа не е затоа што внимавам на менито, туку не сакам тешка и мрсна храна на море. Затоа и јас немам проблем со килограмите, вели Саша за „Хит“ и додава дека не поддржува ригорозни диети каде што луѓето гладуваат по брзо се откажуваат од слабеењето.
Тој додаде најважно е да се вежба и да се јаде калорична и разновидна исхрана, да се пијат течности да се избегнува мрсна и тешка храна особено во лето.