Се дозна: Каква вистина се крие зад најтажната фотографија на кралицата Елизабета

Foto: Profimedia

Трогателната глетка на кралицата како седи сама на погребот на нејзиниот сопруг принцот Филип, го привлече вниманието на целата јавност. За тоа зборуваше и Мајк Тиндал, поранешен рагби шампион, кој е оженет со внукот на кралицата Зара Филипс.

На неверојатната глетка на кралицата која седеше сама, Мајк Тиндал рече: „Така тоа го прави кралицата, така таа дава пример“.

„Мислев дека погребот поминал како што доликува. Но, во исто време, ја видовме кралицата како седи сама и во нејзината тага, таа изгледаше толку храбро“, додаде рагби sвездата.

Поради целата ситуација со вирусот корона, сите 30 ожалостени беа внимателно распоредени во капелата Свети Ѓeорѓи. Така, кралицата Елизабета беше оставена да седи сама.

По погребот, правилата наложуваа сите да влезат во својот автомобил и да си одат дома.

„Тогаш погребот заврши и следеше „влезете во вашите автомобили и одете си дома “. Тоа беше затоа што правилата го налагаат тоа поради целата ситуација со корона вирусот.

Да потсетиме, принцот Филип почина на 9 април во замокот Виндзор, а кралицата, како што се наведува, била покрај него. Во согласност со желбите на војводата, се одржа мал погреб, во кругот на семејството, со ограничен број на луѓе главно поради ситуацијата со вирусот на ковид.

Кејт Мидлтон дејствуваше како миротворец меѓу принцот Хари и Вилијам, бидејќи имаа приватен разговор по погребот.

Нежната средба на браќата беше прва по повеќе од една година откако Хари ја напушти Велика Британија и се пресели во Америка. Кралски извор изјави по овој разговор: „Ова можеше да биде значаен момент“.