Се мажи Марија Килибарда: Убавата водителка ќе го каже судбоносно „ДА“ по втор пат (ФОТО)

Водителката Марија Килибарда се мажи! По втор пат ќе го каже судбоносно „да“, овој пат на бизнисменот Бранислав Вучелиќ, син на Милорад Вучелиќ.

Парот закажа венчавка за 30 октомври во познат белградски хотел, а на прославата ќе има околу 200 гости.

Како што дознава српски Информер, сите подготовки се при крај. Марија избрала венчаница, Бранислав костум, и со нетрпение чекаат да се заколнат меѓусебно на вечна љубов.

- Марија и Бранислав се во врска година и пол и тие се многу хармоничен пар. Иако не се заедно долго време, поминаа многу заедно. Тие станаа особено блиски кога неговиот татко Милорад имаше коронавирус. Долго време беше во болница и сите беа многу загрижени. Во тие моменти, Марија беше со Бранислав, го тешеше и му даваше голема поддршка. Потоа сфати дека таа е жената со која сака да го помине животот - вели извор во Информер близок до овој пар.

Тој додава дека Марија се грижела за секој детал, и дека очекуваат венчавката да биде многу гламурозна.

- Очекувам дека тој ќе покани многу јавни личности на прославата. Иван Ивановиќ, сигурно ќе биде меѓу гостите, тој е еден од најдобрите пријатели на Марија. Забавата нема да може да помине без водителката Ирина Вукотиќ, актерката Анѓелка Прпиќ или нејзината колешка Маја Манџука. Марија со години се дружеше со Нина Бадриќ, па и таа ќе биде меѓу гостите, и сите се надеваме дека во одреден момент ќе го земе и микрофонот - признава соговорник за Информер, кој е на списокот на гости.

Родителите на Бранислав, Милорад Вучелиќ и Љиљана Драгутиновиќ, исто така, ќе ги поканат своите пријатели, па затоа се очекува на венчавката да бидат видени политичари, спортски функционери, но и луѓе од филмската индустрија.

Идните сопружници ретко се појавуваат заедно во јавност, а Марија неодамна ја објави нивната прва заедничка фотографија на Инстаграм.

Марија пред тоа беше во брак со поранешниот кошаркар Владимир Радмановиќ. Се венчаа во 2016 година во Соборниот храм и организираа се во строга тајност. Свадбата се одржа зад sидовите на неговата вила во Старо Бановци. По помалку од една година, двојката стави крај на бракот, а Марија тогаш изјави дека тоа било тежок период за неа.


извор:informer.rs