„Се обидувам да преживеам и да излезам како победник“: Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис зборува за својата борба со зависноста!

Наследничката на поранешната двојка Брус Вилис и Деми Мур, во пресрет на новогодишната прослава, се пофали дека успешно се изборила со алкохолизмот.

Како и славните родители, 32-годишната Румер Вилис гради актерска кариера, а во пресрет на новогодишната прослава, таа им се пофали со голем личен успех на своите следбеници на Инстаграм. Во годината што ја обележа пандемијата, Румер ја прослави четвртата годишнина од успешната борба против зависноста од алкохол.

„Толку сум благодарна што се избрав себеси над секоја пречка во животот, особено во годината кога толку многу се случи, не само кај мене, туку и кај целиот свет“, напишала најстарата ќерка на Бурс Вилис и Деми Мур.

„Чувствувам огромна благодарност што дури и во моментите кога бегав од негативните емоции што ги имам, без оглед колку беа силни и болни, се обидував да преживеам и да излезам како победник.

Како и многу луѓе ширум светот, 32-годишната актерка се соочи со бројни предизвици во 2020 година, успешно ги надмина без да се врати на стариот порок.


"За секој што се бори или има желба да заздрави, знајте дека ова не е лесен чин, но вие сте секој ден поблиску до целта. Јас ги немам сите одговори, знам што влијаеше на мене, и јас сум тука за секогаш да поддржувам или само да слушам", заклучува таа.

Извор: Glossy

Фото: Инстаграм