Се омажив за милионер и ова е најужасното нешто што го преживувам: Многумина посакаа да се сменат со Линда токму поради ова (ВИДЕО)
Дали нејзините проблеми навистина се проблеми?
Животот во луксуз за многумина е сон, но не и за Линда од Дубаи. Барем така вели таа. Нејзината исповед на TikTok крена голема прашина, бидејќи ги откри сите „тешкотии“ со кои се соочува како сопруга на милионер.
Накратко – Линда мора да изгледа најдобро во секоја секунда и да патува постојано.
Нејзините видеа имаат милионски прегледи бидејќи во нив се жали за она за што повеќето луѓе само сонуваат.
Родена во Јордан, Линда Андраде (23) вели дека е мажена за неверојатно богат трговец со крипто од Дубаи по име Рики Андраде. Тие наводно се венчале кога таа имала 19 години.
Самопрогласената вистинска домаќинка од Дубаи ја открива како што вели темната страна на нејзиниот брак со магнат од Блискиот Исток.
Негативните страни на нејзиниот раскошен начин на живот се тоа што нејзиниот сопруг никогаш не ѝ дозволува да вози автомобил, таа лета само во прва класа, нејзиниот сопруг ѝ купува премногу работи, секогаш најскапите марки и секогаш ѝ нуди многу храна.
„Ручекот секогаш мора да биде спектакл“, вели таа со видео кое прикажува специјалитети од морска храна, суши и други деликатеси достојни за најдобрите ресторани во светот.
Зборува и за тоа како и е доста од сите патувања затоа што постојано одат некаде.
Од друга страна, Линда, која пораснала во Америка во еднособен стан со уште шест членови на семејството, вели дека постојано се плаши дека ќе ја ограбат и дека некоја друга жена ќе ѝ го украде сопругот.
Таа нејзина приказна предизвика бројни коментари, па луѓето ширум светот ѝ велат дека претерува бидејќи нејзините проблеми не се вистински проблеми, освен стравот од грабеж. Некои дури ѝ понудија да се сменат со неа.
Поради тоа Линда објави видео во кое наведува зошто е добро да се биде во брак со милионер, каде вели колку е одлично што никогаш не мора да се грижи за парите, дека ја третираат како кралица во бутиците, дека оди во најдобрите ресторани за секоја вечер, па не мора да готви и да ги посетува најубавите места на планетата.
Линда е претприемач од својата 16-та година, а организирала и настани за познати личности.