Се откажа од заштитниот знак: Никол Кидман ги шокираше фановите со драстична промена на косата (ФОТО)

Добивај вести на Viber

фото:Profimedia

Никој не го очекуваше ова!

Со текот на годините, заштитниот знак, на актерката Никол Кидман (54), стана долгата руса коса. Сепак, актерката одлучи да се откаже од својата прекрасна коса и да направи драстична промена.

Таа објави 2 фотографии на социјалната мрежа Инстаграм и на прв поглед е целосно непрепознатлива. Никој не го очекуваше овој потег, а актерката сега гордо носи пикси фризура во руса нијанса.

View this post on Instagram

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)


Драстично пократката фризура остави многу обожаватели во шок, а многумина се уште се надеваат дека тоа е само перика со цел снимање на серијата „Roar“.

View this post on Instagram

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)


Веднаш по објавувањето, следеа коментари и мислењата беа поделени. Додека на некои им се допаѓа и мислат дека ова е храбар потег, други не се воопшто ентузијасти.

Дали вам ви се допаѓа оваа промена кај Никол Кидман?

извор:stil.kurir.rs