Се породила во својата када и тоа пред 700 000 луѓе: Мајка гордо го снимала својот трет пораѓај на Јутјуб (ВИДЕО)

Една млада мајка се породила во својата када, целосно нашминкана и пред 700.000 луѓе.

Легаси Алонг (24) од години го документира својот живот на Јутјуб. Таа отворено зборуваше и за својот абортус, а сега го сними своето раѓање без ничија помош, без лекови и во својот дом.

Бебето се роди со само две притискања, а снимањето на раѓањето траеше 21 минута.

Легаси исто така ги советуваше мајките како да бидат мирни за време на породувањето и да прифатат болка и контракции со зборовите „Да“, „Тоа е толку добро чувство“.

Пред да започнат посилните контракции, таа се шминкаше, ја среди својата коса и избра комбинација на облека.


Таа, покрај бебето што се роди во јануари, има уште два сина - Принц (5) и Ромео (2).
„Сакав видеото од моето раѓање да покаже длабочина и вистински увид во она што се случува, во моите чувства, но и начин да останам смирена“, објаснува таа.
„Породувањето е толку моќно. Ако можам да го сторам тоа, можам да направам сѐ“, вели гордата мајка.
Ова не е прв пат да се породи дома. Така беше додека го роѓала својот постар син. Во тоа време, бабиците во близина на неа, исто така, рекоа дека таа е создадена за да се пораѓа.