„Се повлекувам од јавноста, се повлекувам од сè“: Прва објава на Ана Бекута по погребот на Милутин Мркоњиќ

Пејачката Ана Бекута реши да се огласи по смртта на нејзиниот сакан партнер Милутин Мркоњиќ.

Нејзиното соопштение го пренесуваме во целост:

- Почитувана српска јавност, драги пријатели и колеги, моја сакана публико. Ви благодарам за големата поддршка што ми ја дадовте во најтешките денови од мојот живот. Ви благодарам за секоја порака, покана и изразување на сочувство што ја добив откако Милутин не‘ напушти. Посебна благодарност до персоналот на Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“ проф. Д-р Милован Бојиќ, кој беше на чело на тимот, го држеше во „борбената машина“ еден месец и навистина даде се‘ од себе во борбата за живот на Милутин. Благодарност и до СЈО што го организираше погребот и за големата поддршка што ни ја дадоа - напиша Ана и додава:

- Решив да се повлечам од јавноста. Ги откажувам сите настапи кои беа закажани во текот на декември. Ги откажувам сите интервјуа, емисии и програми во кои требаше да учествувам и им се извинувам на нивните организатори. За новогодишните настапи во Требиње и Бања Лука јавноста подоцна ќе биде информирана. Ги замолувам медиумите уште еднаш професионално да си ја завршат работата, да не измислуваат приказни и интриги кои не се случиле и да ја почитуваат мојата приватност во овој тежок период. Ви благодарам многу, драга моја публика. Вие, заедно со моето семејство и пријателите сте мојата најголема сила - заклучува пејачката Ана Бекута во соопштението за медиумите.


Фото: Printscreen