Здравје // Совети
СЕ ПРИБЛИЖУВАМЕ ДО КРАЈОТ НА КОВИД ПАНДЕМИЈАТА? Директорот на СЗО: „Треба да бидеме многу внимателни“
Видот на корона вирусот омикрон, кој би можел да зарази 60 отсто од Европејците до март, започна нова фаза на пандемијата на Ковид-19 во регионот и може да и стави крај, изјави директорот на СЗО за Европа.
- Можно е регионот да се приближува кон крајот на пандемијата - изјави Ханс Клуге за АФП, повикувајќи на претпазливост поради варијабилноста на вирусот.
Тој рече дека кога ќе се смири бранот омикрон, ќе има глобален имунитет со недели и месеци, или поради вакцината или затоа што луѓето се имуни на заразување, а исто така и поради сезонскиот пад на инфекцијата.