„Се разбудив, до мене лежеше бебе од пет недели кое сум го родила, а не се сеќавам на породувањето“: Неверојатна исповед го обиколи светот

Непосредно пред да биде ставена во кома, лекарите ја породиле Ерем, пет недели пред терминот, а бебето тежело околу два килограми

Ерем Али, 31-годишна мајка од Гилфорд, морала повторно да научи да оди, да зборува и да јаде кога се разбудила од комата, откако нејзината состојба се влошила поради коронавирусот. За работите да бидат поневеројатни, таа се породила пред да падне во кома, а не се сеќава на породувањето и бебето.

Во јануари минатата година Ерем почнала да кашла, почувствувала стегање во градите, но не обрнувала многу внимание бидејќи мислела дека тоа е нејзиното бебе кое се движи.

Лекарите набрзо сфатиле дека има ковид и била ставена во изолација. По една недела помината во болница, состојбата на Ерем се влошила, била ставена во индуцирана кома и префрлена во друга болница.

Непосредно пред да биде ставена во кома, лекарите ја породиле Ерем пет недели пред терминот, а бебето тежело околу два килограми.

Ерем не се сеќава на царскиот рез, а синот Зорајз го запознала откако се пробудила од кома, 5 недели по породувањето.

- Не се сеќавам на ништо за моето породување. Се сеќавам дека се разбудив три недели подоцна и ми кажаа дека имам бебе. Бев во целосен делириум, не можев да поверувам – рекла таа, а пишува Мирор.

Мајката на сега веќе едногодишниот син, изјавила дека на сопругот му било најтешко бидејќи не можел да ја посетува, а не присуствувал ниту на породувањето.

Будењето не било лесно

Ерем се разбудила на 22 февруари минатата година од кома по три недели, но морала сама да се носи со дишењето, а имала и проблеми со згрутчување на крвта и интестинална опструкција.

- Бев толку слаба што ме подигаа, никој не можеше да дојде да ме посети. Му мавтав на сопругот низ прозорецот – рекла таа.

Не можела ни да поминува време со синот бидејќи поради инфекцијата биле сместени во различни соби.

- Бев многу збунета кога го видов. Ништо не се сеќавам, ниту на засекот, ниту на раѓањето – рекла таа.

Ерем рекла дека долго време се борела со дишењето и дека долго време не смеела да го види бебето.

- Кога го видов за прв пат по еден месец, почувствував олеснување, но бев многу тажна бидејќи го пропуштив првиот период од неговиот живот. Бев решена, сакав да закрепнам поради него и другите мои деца – изјави таа.

Оваа мајка за прв пат го зеде бебето во раце пет недели по неговото раѓање.

-Изгледаше многу мал бидејќи е роден предвреме. Уште тогаш почна да ги отвора очите. Ми беше драго што е добро и што се помина во најдобар ред - вели неговата мајка.

По будењето повторно научила некои основни функции, но по две недели рехабилитација во март минатата година била пуштена да се опоравува дома.

- Отпрвин не можев да зборувам, но бев решена да закрепнам. Ме нарекоа чудо поради брзината со која закрепнував. Само поради семејството сакав да бидам здрава – изјавила таа.

Покрај синот, Ерем и нејзиниот сопруг ги имаат и петгодишната ќерка Арија и двегодишниот син Захари.

- Конечно се вакцинирав и би им препорачала на сите трудници да се вакцинираат, затоа што може да им го спаси животот. Не сакам никој да помине низ тоа што сум јас – изјави таа.


Фото: фреепик

Извор: жена.блиц

Мајка со коронавирус се разбуди од кома: Дозна дека предвремено родила девојче