Се роди како прематурче со 520 грама, денес од ГАК си оди дома во фустан како вистинска мала дама: Малата Дуа е херој на денот
Убави вести денес соопштија од ГАК.
По 131 ден поминат на клиниката на гинекологија во Скопје, малата Дуа денес облечена како вистинска мала дама во фустан си замнува дома.
Таа е наш херој на денот.
„По 131 ден поминат на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, малата Дуа со солзи радосници ја испративме дома.
На 12 март таа се роди во 24-та гестациска недела, со само 520 грама и по повеќе од 4 месеци престој на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), ектремното прематурче си замина како здраво бебе со тежина од 1890 грама.
Дуа како вистинска мала дама си замина во фустан од нашата клиника и си отиде со мама и тато во Кичево, кои се пресреќни што конечно нивното прво бебе ќе си го гушкаат во својот дом.
Малата Дуа, еден од нашите најголеми борци, овие 4 месеци и 11 дена секојдневно ја добиваше медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, кои посветено се бореа заедно со неа.
ЈЗУ У ГАК и посакува многу здравје и среќно и безгрижно детство, во надеж дека секогаш ќе ве радуваме си среќни приказни за нашите најмали новородени“, информираа од ГАК, приложувајќи неколку фотографии од малата Дуа.