Се родил со само 450 грама, а докторите ја откриле дијагнозата дури по три месеци: „Нашиот син има 7 месеци, а е толку мал што носи облека за кукли“

Метју Ридл има седум месеци, а е толку мал што многумина би рекле дека е новороденче.

По породувањето во 28-та недела од бременоста, мајката Женева Кук родила бебе тешко само 450 грама. По 98 дена минати на одделот за интензивна нега, малиот Метју бил пуштен дома, но лекарите немале јасна дијагноза за неговата состојба.

„Прво ни рекоа дека има микроцефалија, дека неговата глава е помала отколку што треба поради ненормален развој на мозокот. Ни кажаа дека неговиот мозок престанал да се развива, дека веројатно нема да живее долго“, изјави мајката на Метју за WLKY News Louisville.


Три месеци подоцна, пристигнале наоди кои потврдуваат дека овој мал Метју има ретка форма на џуџест раст, исконски џуџест тип 2.

Добрата вест е дека момчето ќе може да има нормален живот, ќе може да оди на училиште, да се развива, да учи, да игра, но секогаш ќе биде мал. 

Сега тежи околу 1,6 килограми, а родителите му купуваат облека за кукли бидејќи му се големи и најмалите бројки кои се направени за бебиња.


Фото и Видео: Youtube