Се сеќавате ли на преубавите шпански претставнички на Евровизија во поранешна Југославија: Погледнете како изгледаат „Азукар Морено“ денес

„Азукар Морено“, чија песна „Бандидо“ заврши на петтото место на Евровизија во Загреб во 1990-та година, од 22 композиции, стана апсолутен светски хит.

По Евровизија, тие постигнаа успех на странскиот пазар, во Америка, Велика Британија, дури и во Јапонија. Имаа пауза во работата од 2008-мата до 2013-тата година.


По големата слава, тие се повлекоа од сцената во 2006-та година кога Енкарна дозна дека боледува од рак. Пејачката беше подложена на хемотерапија, а по една година објави дека лекувањето е успешно.


За жал, таа се скара со сестра ѝ, а се смириле дури пет години подоцна. Во меѓувреме настапуваа одвоено, додека во 2013-та година браќата не ги собраа во телевизиско шоу. Тие изведоа и имитација на познатата песна на нивните сестри.


На крајот на минатата година тие донесоа одлука да настапат како „Азукар Морено“ на шпанскиот национален натпревар за песна на Евровизија.

Извор: www.pulsonline.rs