Се сеќавате на „Грдата Лети“: Анхелика денес има 46 години и изгледа одлично (ФОТО)

По снимањето на серијата „Грди Лети“, таа продолжи да глуми во многу серии, а имаше и улоги во неколку филмови

Ја сакавте мексиканската актерка Анхелика Вејл (46) во хит хумористичната серија „Грдата Лети“, која се снимаше во 2006 и 2007 година.

Иако првата главна улога ја доби уште како дете во филмот „Гран триунфо“, срамежливата Лети остана нејзина највпечатлива, а воедно и главна улога.


По оваа хит серија, Анхелика глумеше во многу телевизиски продукции, а имаше и неколку улоги на филмското платно.


Анхелика денес има 46 години и води семеен живот со сопругот и двете деца, а нивната среќна идила може да се види на Инстаграм профилот на актерката.


Шармантна и убава жена која се грижи за својот изглед, а денес, повеќе од една деценија по снимањето на серијата, може да се пофали со природна убавина


Фото: Инстаграм/ Printscreen
Видео: Youtube