Се вери Линзи Лохан: „Дивата девојка од Холивуд“ покажа прстен со голем камен

„Мојата љубов, мојот живот, мојата иднина“, напишала Линдзи покрај фотографиите

Актерката Линдзи Лохан на својот Инстаграм профил објави дека се свршила со партнерот со кој е во емотивна врска две години.

Имено, таа со своите придружници на споменатата социјална мрежа сподели неколку фотографии на кои во преден план е прстенот со голем камен.

„Мојата љубов, мојот живот, мојата иднина“, напиша Линдзи со фотографиите.

View this post on Instagram

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan)


- Нивната врска е силна и трае околу две години. Тој е вистинскиот за неа. Тој е менаџер на фондови за богати луѓе - открил извор за „The Sun“.

Инаку, Линдзи со години важеше за „дива девојка на Холивуд“ бидејќи папарацо фотографите често ја фотографираа на ноќни излегувања под дејство на алкохол.


Фото: Инстаграм/Линдзи Лохан