Се запознаа на тераса: Италијанските Ромео и Јулија ќе се венчаат

Во карантинските денови, кога целиот свет буквално запре италијанците Паола и Мишел се вљубија

Модерните Ромео и Јулија, објавија дека ќе се венча. Парот го доби тоа име бидејќи, се запознаа во услови на карантин, и се запознаа на тераса, односно секој од нив на својата тераса. Приказна која го освои светот.

Двојката сега го потврди својот среќен крај на приказната и открија дека ја планираат нивната свадба.

40-годишната адвокатка Паола Агнели, за првпат го забележала 38-годишниот Мишел Далапос, додека двајцата биле на нивните тераси за време на концерт кој се одржувал за време на карантинот.

- Сакаме да направиме свадбена церемонија на големата тераса на покривот од мојата зграда, што ќе има смисла, со оглед на тоа како се запознавме - открива заљубената двојка.

Мишел ја пронашол Паола на Инстаграм и започнале да се допишуваат, а со оглед на тоа што биле во карантин, нивната врска се базирала на слушање по телефон.

Нивната врска станала вирална која тој закачил огромен банер на терасата на која пишувало „Паола“. Конечно се сретнале во локален парк во Мај. Иако живееле еден спроти друг подолг период од нивниот живот, тие дотогаш никогаш претходно не се запознале.