Се зборуваше дека е во лоши односи со синот, а ќерката ја доби на 65 години: Аки Ракимовски го криеше приватниот живот

Легендарниот пејач на „Парни ваљак“, една од омилените рок групи на нашите простори, почина на 67 години...

Аки Рахимовски утрово беше хоспитализиран откако му се слошило, а на официјалната страница на групата „Парни ваљак“ е објавено дека пејачот починал. Аки од 2018 година имал здравствени проблеми, кога доживеал полесен мозочен удар, по што ги променил животните навики.

За приватниот живот никогаш не сакаше да зборува.

„Приватно е приватно. Едноставно, никогаш не сум дал на тоа и готово“ - истакна во една прилика пејачот кој зад себе остави три деца, синот Кристијан, кој го доби во првиот брак, ќерката Дина, која ја доби во повеќедеценискиот брак со мистериозната Ингрид, и ќерката Антонија, која во 2020 година ја доби со Словенката Барбара Васел. Многумина го критикуваа што станал татко на 65 години, но неговиот пријател Хусеин Хасенефендиќ Хус застана на негова страна.

„Ако може Мик Џегер на 74 години, зошто да не би можел Аки“ - кажа неговиот пријател.

Инаку, АКи го следеа приказни дека е во лоши односи со синот Кристијан Рахимовски, кој е исто така пејач, но тој откри што се крие зад таквите наводи.

„Никогаш не сум бил во лоши односи со синот, нема што да се зборува тука, тоа го смислија за да има приказна. Мојот син сега го заврши албумот, ќе започне со промоција и го советував да верува во тоа што го прави. Му ја посакувам целата среќа“ - кажа во една прилика Аки.

Александар Аки Рахимовски е роден на 5 јуни во Ниш, но набрзо со семејството се преселил во Скопје. Љубовта кон музиката ја наследил од татко му кој бил професор, а на седум години тргнал во музичко училиште, отсек клавир и пеење. Во тинејџерскиот период бил во многу бендови, а од 1975 година од самото основање беше член на „Парни ваљак“.

Може да ве интересира:

Аки Рахимовски утре требаше да дојде во Скопје: Каролина, Тавитјан и Харе се сеќаваат на пријателот