„Седум дена секое утро пиев вода со лимон и еве што ми се случи со лицето и телото“: Росо ги откри сите тајни

Добивај вести на Viber

Пиењето вода на празен стомак има одредени придобивки за организмот. Но, кога ќе додадеме половина од исцедениот сок од лимон во 2,5 dcl вода, тогаш се случуваат поочигледни промени.

Добро е познато какви се здравствените придобивки од лимонот кога е здравјето во прашање и дека содржи витамини. Но, се прашуваме дали пиењето вода со лимон навистина има добри ефекти врз телото?

Тоа реши да го провери Џанлука Росо, кој се согласи на предизвикот една недела да пие само вода со лимон. Сигурно сте слушнале за многуте лековити состојки на лимонот, кој се споменува и како природен антибиотик, се истакнува дека тој е благодет за имунитетот, е природен антисептик и помага во ублажување на главоболките и менструалните грчеви.

Некои луѓе тврдат дека водата со лимон им помага да го исчистат лицето од акните. Росо една недела пиела 2,5 dcl вода со половина исцеден лимон наутро на празен стомак. Таа вели дека пред крајот на неделата забележала дека кожата и е почиста и посветла.

- Некои рецепти што ги најдов велат дека водата треба да биде топла, но искрено ми се гади од тоа, па се решив за посвежа варијанта и на мое изненадување брзо ги видов резултатите. Моето лице беше исчистено од мозолчиња, дури и мали темни пигментациски дамки, а мојата кожа беше речиси беспрекорна: без воспаление или вишок на себум и без нови темни дамки. Покрај тоа, таа стана многу помека на допир и многу посветла - пишува Русо за Инсајдер. 

Инаку, водата со лимон е еден од начините да се добие потребната количина на витамин Ц и да се зголеми хидратацијата.