Седум најголеми трендови во стилизирањето на косата за сезонава: Нема да знаете за која фризура да се одлучите!
2022 година е година за промена на вашата фризура!
По две години од пандемијата, кога многу дами едноставно го одложија одењето на фризер, дојде време да се посвети целосно внимание на косата и модерните, тренди фризури.
А токму поради паузата во трендовите, наредните месеци ќе ни донесат драстични стилови и донекаде екстравагантни фризури. Па, да видиме што велат експертите - кои седум трендови во светот на косата ќе ги гледаме насекаде!
1. ФЕНИРАЊЕ ВО СТИЛОТ НА 70-тите
Оваа година се врати бујната коса полна со волумен, со краевите благо свиткани нанадвор, а фризурата неодоливо потсетува на 70-тите.
„Сите почнуваат да чувствуваат потреба за супер луксузна, сјајна, обемна коса. А истата можевме да ја видиме и на супермоделите од 90-тите“, истакнува познатиот фризер Лук Хершесон.
фото:Profimedia
2. БОБ ВО СИТЕ ВАРИЈАНТИ
„Не постои такво нешто како лош боб во 2022 година. Ова е година на боб фризурата! Сè и секаков, од подолг до слоевит и француски боб“, вели Хершесон.
Особено е модерен машки боб што имавме можност да го видиме на речиси сите модни ревии на овогодинешните модни недели.
„Тоа е тип на фризура што можете едноставно да го оставите да се исуши и сепак ќе изгледа шик“, истакнува познатиот фризер Џорџ Нортвуд за „Who What Wear“.
фото:Instagram
3. МИКСИ ФРИЗУРА
Ако шаг фризурата ја одбележа 2021 година, тогаш миксот ќе ја одбележи тековната година. Микси е комбинација од шаг и пикси фризура, похрабра е, но сепак е доста нослива.
„Mixi дава сестран изглед. Имате контрола над него и можете брзо и лесно да го прилагодите на моментот“, вели сопственикот на фризерскиот салон Пол Персивал. Тој, исто така, им предлага на жените всушност да се потстрижат во пикси фризура, и да направат екстензии од сопствената коса за додавање по потреба и по желба.
фото:Profimedia
4. ПРИРОДНИ КАДРИЦИ И ТЕКСТУРА НА КОСАТА
Природната текстура на косата, во сите облици, е доминантен тренд оваа година. Кадравата коса е особено популарна и поатрактивна, а сведоци сме на тенденција се повеќе дами со природни локни гордо да ја покажат својата коса без стилизирање. „Препорачувам производи кои се специјализирани за локни, без разлика дали имате мали кадрици, големи или само бранови“, истакнува фризерката и креативниот директор на брендот „Imbue“ Мишел Султан.
фото:Instagram
5. ФРИЗУРА БЕЗ ФРИЗУРА
Ако вашата коса е природно тенка и без некоја посебна форма, оставете ја да се исуши природно и заборавете на пеглата за коса! Она што му дава живот на таков врв на коса се лежерните, донекаде „диви“ бранови. Овој тип на коса е најблагодарен за трендот кој станува се попопуларен, а тоа е фризура без фризура!
„Сакам да го наречам овој тренд ненаметлива фризура. Тоа е како трендот no make up, make up, односно како да не сте нашминканиеж, но сепак сте нашминкани. Акцентот е на тоа вашата коса да изгледа природно и да не е стилизирана, иако навистина е така. Едноставните, суптилни бранови прават да изгледате како штотуку да сте станале од кревет. Косата на Хејли Бибер на Мет Гала во 2021 година е совршен пример“, вели Нортвуд.
фото:Profimedia
6. ЦРВЕНИ ТОНОВИ
Топлите, кафеави и црвеникави нијанси ќе бидат голем хит оваа година, а можеби најдобар пример за оваа боја е онаа на моделот Џиџи Хадид од минатогодишниот Мет Гала.
Овие нијанси не се лесни за одржување и обично најдобро е тоа да го направи експерт, но резултатот вреди да се вложи труд! Покрај потемните нијанси на црвено, ќе ги носиме и оние кои се екстремно светли, кои се добар избор за дамите кои сега се русокоси или имаат некоја друга посветла боја на коса.
фото:instagram7. РУСОКОСА ОД 70-тите
По монотона година и карантин, луѓето се стремат кон драматични промени во 2022 година, а трендовите на косата од 70-тите го нудат токму тоа. Размислете за сребрените, или медени нијанси со слоевити фризури со многу волумен и тенки шишки. Оваа руса боја треба да биде малку покремаста, со меки карамелни тонови и да понуди посвежо издание на класичниот ретро стил, објаснува Нортвуд.
фото:Instagramизвор:zena.blic