Секое утро започнете го со овој пијалак: Во рекорден рок топи масти до последен грам
Ако ја направите оваа едноставна промена и го започнете утрото со овој напиток наместо вообичаениот појадок, килограмите ќе почнат многу брзо да се топат.
Зеленoто смути прво ќе почне да ги топи мастите од желудникот, но и ќе го забрза метаболизмот и ќе го регулира варењето. Колку што е добро за линијата, толку е добро и за здравјето.
Тајната на овој оброк е во количината на овошје и зеленчук кои се богати со витамини, минерали и влакна, и не одржуваат сити со часови.
Овој пијалок се прави од намирници кои се моќни во разградувањето на масните наслаги, а покрај тоа имаат и доволна хранлива вредност. Една чаша е доволна за да не чувствуваме глад неколку часа, а имаме доволно енергија за сите активности.
Потребни состојки за подготовка:
1 лажица јаболков оцет
1 лажица рендан ѓумбир
1 чешне лук
Половина авокадо
30 гр бланширан спанаќ
1 лажица мед
1 грст јаглика
Половина чаша топла вода
Лесно се подготвува. Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете изедначена смеса.
Главните состојки на овој напиток кои имаат најголем ефект врз слабеењето се ѓумбирот и авокадото.
Ѓумбирот е еден од најсилните активатори кои го забрзуваат метаболизмот. Благодарение на него, телото согорува калории и ги претвора во енергија.
Авокадото е богато со мононезаситени масти кои не се претвораат во масти. Благодарение на него ќе бидеме сити со часови, бидејќи содржи доволно хранливи материи. Богат е со влакна кои благотворно делуваат на метаболизмот и цревата.
Затоа, наместо појадокот на кој сте навикнати, испијте го ова смути веднаш штом ќе станете. Најголем ефект има ако се пие на празен стомак, а се препорачува да се консумира после секој оброк, за побрзо да се разградат мастите.
Извор:stil.kurir.rs