Секоја дама заслужува парче безвременски накит: Еве кој ги изработува најубавите Охридски бисери

Добивај вести на Viber

Нема поубаво нешто кога една софистицирана дама ќе го заокружи својот префинет изглед со совршен безвременски накит. Затоа, изборот на уникатен накит е секогаш исклучително значаен дел во имиџот на современата дама.

Бисерите се безвременски и вистинска класика во светот на модата. Гаранција се за отмен изглед, без разлика дали ги носиме за важни настани, за прослави или пак, како елегантен додаток на деловниот костум.

Токму овој накит се изработува во еден од најубавите градови во Македонија, или подобро познат како Охридски бисер.

Меѓу првите кои почнале со изработка на бисерите било семејството Талеви од Охрид. Фамилијарниот бизнис го почнале Ванеи и Михаил, кои во 1924 година од некој човек во Русија, за 25 наполеони купиле формула за правење бисер. Михаил од Витлеем купил материјали за изработка на бисери и така почнале да работат.

Имотните луѓе почнале да купуваат од нив, зошто само богатите луѓе можеле да си го дозволат ова парче накит. Во дуќанот доаѓале трговци, сопственици на банки, млади индустријалци и купувале бисери за свршениците и за сопругите. Тогаш бисерите не се викале охридски. Тоа име го добиле во 1935 година, од трговиците од Битола и Скопје, кои најчесто го купувале овој накит и кажувале дека одат во Охрид по бисер, па така го добиле сегашното име – раскажа во една прилика Талев.

Најдобрите Охриски бисери можете да ги најдете и кај семејството Ристески. Тие бисерите ги изработувале уште од далечната 1954 година во Св. Наум.

Тајната за изработката на Охридскиот Бисер дури и денес е една од најдобро чуваните тајни на оваа фамилија која совршените бисери одлично ги соединува и во креативни бисерни огрлици и нараквици. Оваа традиција се пренесува веќе четврта генерација од колено на колено. Бисерите на фамилија Ристески може да ги најдете во Охрид и во Скопје.

Она што е надалеку познато е дека овој накит го носеле, и се уште ги носат многу познати личности од Македонија и многу влијателни дами светот кои уживаат во убавината на надалеку познатиот Охридскиот бисер.


Фото:facebook/risteski/talevi