Секс секој ден - дали е добро: Кога е доста?

Ако сакате да имате сексуални односи секој ден, веројатно се прашувате дали станува збор за нормална појава...

Експерти одговараат на оваа тема наместо вас:

Дали е во ред да имате секс секој ден?

Гледано од аспект на здравјето, физички и психички - ДА во ред е. Бројни сексолози се согласуваат дека доволен број физички контакти можат да бидат најдоброто оружје за личен раст, а сексот е сигурно еден од нив.

Што се подразбира под вистински секс?

Терминот вистински секс значи секаков вид задоволство што не предизвикува физички непријатност. Ако сексот што го практикувате секој ден е задоволство на сите полиња, нема причина да се откажете.

Дали секојдневен секс создава проблеми?

Ако во текот на денот (мислиме секој ден) имате време за сите други обврски покрај сексот, тоа значи дека времето одвоено за секс не ви одзема ништо. Ако тоа не ве исцрпи физички, како и ментално, и ако сте во подобро расположение и посреќни после тоа, зошто да не, продолжете со тоа.

А дали е нормално да имате секс секој ден?

Секоја врска е различна. И фактот дека сексолозите се запознаени со оваа тема, значи дека не е толку редок случај како што можеби ви се чини. Ако обајцата партнери се заинтересирани за ваков вид активност, тогаш тоа е секако нормално. Од секс секој ден, до секс еднаш месечно. Сето ова е „нормално“ кога станува збор за интимност. Всушност, нема одредена фреквенција кога станува збор за секс.

Дали е потрбно да се преземаат некакви мерки доколку практикувате секс секој ден?

Секако. Ако не користите друга заштита, кондомите се дефинитивно нешто што треба да ви биде на дофат на раката, освен ако не планирате да забремените. Исто така, секојдневниот секс може да биде премногу интензивен за вашата интима, затоа може да користите лубрикант.

Кога треба да се избегнува секојдневен секс?

Во секој случај, потребно е да се одмори од менструален циклус. Исто така, ако имате иритации во областа на интимата, треба да се воздржите. Ризичната бременост е исто така еден од случаите кога не треба да се занимавате со интензивни сексуални активности. Покрај тоа, секогаш кога телото и умот не се подготвени за ваков вид нежност, треба да се избегнува секс.


Извор: pure wow