Семејството ги соопшти деталите: Почина иконата на италијанскиот филм Сандра Мило

Добивај вести на Viber

Почина Сандра Мило, иконата на италијанската кинематографија, објавија странските медиуми. Таа имаше 90 години.

Според соопштението на семејството, актерката починала во сон во својот дом во Рим, опкружена со семејството и кучињата Џим и Лејди.

Сандра Мило е родена во 1933 година како Салватрис Елена Греко. Многумина ја паметат по нејзината улога во филмот на Роберто Роселини од 1959 година Il generale della Rovere. Таа, исто така, ја освои италијанската филмска награда Nastro d'Argento за најдобра споредна женска улога за секоја од нејзините улоги во 8½ на Федерико Фелини и Giulietta degli spiriti.

View this post on Instagram

A post shared by Verissimo (@verissimotv)



Работела и како водителка на италијанската телевизија, каде во 1990 година била жртва на непримерна шега. Додека водела ток-шоу, се јавил гледач и и рекол дека нејзиниот син Чиро доживеал тешка сообраќајна несреќа. Мило потоа побегнала од студиото и подоцна дозна дека е измамена. Освен Чиро, Мило имаше уште две ќерки - Дебора и Азура.

View this post on Instagram

A post shared by Sandra Milo (@sandramiloreal)



Нејзиниот прв сопруг бил Чезаре Родигиеро, а потоа се омажила за филмскиот продуцент Морис Ергас.