Парис Хилтон покажа како изгледа нејзината втора ќерка која ја криеше со месеци: Ова е Лондон, дете кое го доби со помош на сурогат мајка

Добивај вести на Viber

Парис Хилтон сподели прекрасни фотографии од нејзината ќерка Лондон...

Парис Хилтон (43) која во ноември го доби своето второ дете со помош на сурогат мајка, за прв пат покажа како изгледа.

„Ви ја претставувам Лондон Мерилин Хилтон-Реум, сонував да имам ќерка по име Лондон од кога се сеќавам. Толку сум благодарna што таа е тука за вистински да го цени секој момент што ќе го поминам со неа. Заедно со Феникс, моите бебиња ангелi ми покажаа љубов за која никогаш не знаев дека може да биде толку длабока пред да станам нивна мајка. Моето неверојатно патување низ мајчинството инспирираше нова, длабоко лична песна со мојата драга пријателка Сиа наречена „Fame Won't Love You“.

View this post on Instagram

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)


„Песната служи како потсетник дека посебната врска што ја чувствувам со моите деца, сопруг и семејство е повредна од било што друго на светот“. Тоа е химна која ќе ве поттикне да ги држите вашите најсвети односи уште поблиску до срцето - без разлика дали со семејството, пријателите или со себе. Се надевам дека ќе ja сакате исто како и јас“, напиша Парис.

Фото: Инстаграм
Извор: Kurir.rs