Прстен за развод е нов моден тренд: Еве што симболизира и на кој прст треба да се носи

Добивај вести на Viber

Прстените за развод стануваат сè попопуларни во последно време, прославувајќи го повторното осамостојување.

Новиот моден тренд на носење разводни прстени е во пораст, а сето тоа благодарение на Емили Ратајковски. По разводот, познатата американска актерка и модел на Инстаграм објави дека го стопила свршеничкиот прстен и направила два „прстениза равод“. На овој начин таа ја прослави својата слобода.

Идејата набрзо станала толку популарна што златарите почнале да прават прстени за развод како посебна категорија на производи. Тие веруваат дека го означуваат крајот на бракот и ја слават својата новостекната независност и почетокот на новото поглавје во животот.

Овие прстени доаѓаат во различни дизајни и значења, а жените најчесто ги носат на прстот до малиот прст на левата рака или на друг прст, и најчесто од свршеничкиот прстен прават разводен прстен.

Фото: Инстаграм
Извор: Najzena.alo.rs